icon

Шатл Трансфери

Со комплетната палета на возила кои ги нудиме, Вип Такси ке ви обезбеди Шатл услуга која ќе ги задоволи вашите специфични потреби за организација на вашиот настан.

icon

ВИП Аеродром Трансфери

Вип Такси Вип Аеродромските трансфери се совршеното решение кога ви треба најсигурен, брз и безбеден трансфер за вашите ВИП личности.

icon

Корпоративни Состаноци

Избор на сигурна, безбедна и искусна компанија за групен или поединечен превоз ќе ви овозможи да се фокусирате на најважните детали поврзани со вашиот настан или состанок и може да ви гарантира дека ќе го намалите стресот на целиот организирачки тим.

icon

Странски Делегации

Вип Такси организира транспортни услуги за странските делегации кои го посетуваат градот Скопје.

icon

Трансфери за Настани

Нашиот тим ви стои на располагање 24/7 за да ги задоволи сите ваши динамички потреби за организација на вашиот настан. Палетата на возила на Вип Такси располага со луксузни автомобили и комбинја кои ќе ви овозможат брз и сигурен трансфер.

icon

Конференции

Сите возачи со Мерцедес автмобили од бизнис и луксузна класа ја имаат највисоката квалификација и големо искуство во работењето со странски амбасади во градот Скопје.

За Компанијата

ВИП Такси е позната по своите единствени услуги кон своите клиенти, луксузни возила, добро подготвени, искусни и учтиви возачи, кои имаат познавање на англискиот јазик, со претходно работно искуство со странски лица. Ние се гордееме со овозможувањето на одлични транспортни услуги на бизнисмени, извршни директори, компании и било кој друг кој има потреба од приватни возила за било која цел.

Ние користиме модерна диспечерска и усмерувачка технологија со цел да овозможиме на нашите патници да стигнат до своите дестинации на најбрз и најсигурен можен начин. Ние поседуваме софистициран комуникациски систем кој им овозможува на нашиот диспечерски тим и на нашите возачи да се координираат меѓусебно, овозможувајќи безпрекорна временска и просторна координација во транспортот на корисниците на нашите транспортни услуги.

Нашите возилa се тип МЕРЦЕДЕС модел АВАНТГАРД, комплетно опремени (клима уред, кожна внатрешност, сите типови на безбедносни системи итн). Грижата за нашите клиенти претставува приоритет број еден, за што сведочи нашата листа на препораки на компании кои што ги користат нашите услуги, вклучувајќи најголемите трговски компании од Скопје, повеќето на меѓународни и дипломатски претставништва и амбасади, како и постоечката соработка со следниве компании: Cosmofon (ONE), Melon Solutions, Terna, Ericsson, OKTA , Intracom.,World bank, EBRD, USAID и организации на Обединетите Нации.

Партнери

Croatia

Maxi Taxi Split
Auto Taxi Split
Taxi Zagreb